Директорката го ставила Бакрачевски на позиција за која смета дека не знае да ја работи?

by fokus

Во јавноста се крена голема врева за прераспределбата на поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачевски, на пониска позиција од претходната во охридската болница. Со реакција се јави и директорката на Болницата, Гордана Доневска која вели дека сите позиции во болницата биле еднакви по важност.

-Докторот со престанување на функцијата градоначалник писмено се обрати дека ќе ја продолжи својата работа во нашиот Завод и од 20.10.17 ,службите од Заводот уредно го обавија повторното активирање на неговата работа кој му беше во мирување и согласно законските прописи ,степенот на неговото образование е распределен уште од тој датум како раководител на Оддел за аритмии ,не со цел на негова деградација туку од единствена причина што во тој момент спрема постоечката систематизација на работни места во Заводот кој тој во тек на негово директорување ја составувал беше единствено слободно раководно место на кој тој во тој момент можеше да биде распределен, вели директорката.

Како што вели таа, во сегашниот оддел каде што е поставен, Бакрачевски никогаш не работел, а и, како што вели Доневска, не знае да работи. Па се постапува прашањето, како директорката го поставила докторот на позиција за која мисли дека не знае да ја работи.

-Поставувањето како Раководител на овој оддел не значи и забрана за докторот да работи во другите оддели меѓу кои и во одделот за интервентна кардиологија во која денес кога ги давал изјавите за порталите всушност и беше распределен и работеше. Др,Бакрачески никогаш и не работел и не знае да работи во одделот за аритмии кој не се сложувам дека по хиерархија е на најнизок ранг од единствена причина што сите оддели во Заводот се со подеднаква важност и воопшто не може да стане збор за било каква хиерархија во рангирање на одделите, вели Доневска.

Поврзани новости