Директор противзаконски делел „Јубилејна плата“, го оштетил буџетот за 34 илјади евра

by Fokus

Битолската полиција поднесе кривична пријава против С.С.(35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злопупотреба на службена положба и овластување“.

Според објавените информации во полицискиот билтен, во периодот од 2015 до 2017 година пријавениот како директор на Јавното претпријатие „Пазари“, спротивно на Колективниот договор на јавното претпријатие, потпишувал налози и одобрувал исплата на парични средства за „Јубилејна плата“ за себе и за вработените со што причинил штета од 2.079.985 денари.

Поврзани новости