Директор на „Комуналец“ од Демир Хисар заработи кривична пријава, ја злоупотребил службената положба

by fokus 13:25
13:25

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против П.Н.(47) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 13.03.2017 година пријавениот, како директор  на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“-Демир Хисар, спротивно на Изборниот законик, објавил јавен оглас за прием на еден извршител  на работно место „работник за собирање отпад“, по што на 29.03.2017 извршил избор за прием и изготвил решение за распоредување на вработеното лице.

- Advertisements -

Поврзани новости