Директор на кавадаречки „Комуналц“ ги терал вработените да му ја изградат викендичката

by fokus

Против поранешен директор на кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец“ е покрената кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Полицијата го сомничи 45-годишниот Илија Атанасов и поранешниот раководител на претпријатието, 51-годишниот М.П., дека ги терале вработените во работно време им ги изградата приватните викендички.

„Во временскиот период од 2015 до 2017 година, првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“–Кавадарци, и второпријавениот, како раководител на  „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци, им наредиле на дел од вработените  во текот на работното време да извршуваат градежни работи на нивните приватни викендички. На овој начин, по основ на исплатени бруто плати за ангажираните работници,  го оштетиле Јавното претпријатие „Комуналец“- Кавадарци за  234.281 денари“, велат од Министерството за внатрешни работи.

 

Поврзани новости