Димовски закажа три седници за избор на државен ревизор и членови на судскиот и обвинителскиот совет

by Фокус

Претседателот на собраниската комисија за избори и именувања, Илија Димовски, денеска закажа три последователни седници на комисијата, на кои, меѓу другото, треба да се расправа и во однос на точките за избор за прв човек на Државниот завод за ревизија, кој подолго време функционира без директор поради меѓупартиски несогласувања.

Исто така, меѓу точките на дневед ред се наоѓа екипирањето на уште две институции од круцијално значење – Комисијата за заштита на правото на информации од јавен карактер и Комисијата за заштита на дискриминација, за кои денеска треба да се утврдат предлози за именување на директор и заменик-директор, односно да се проверат доставените кандидатури за избор на членови.

Покрај тоа, членовите на надлежната парламентарна комисија ќе расправаат и одлучуваат за избор на член во Советот на јавни обвинители, како и за избор на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Поврзани новости