Димовски: За четири години минималната плата ќе достигне 14.000 денари

by fokus

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборна едница 3, Илија Димовски денеска најави зголемување на минималната плата во следните четири години до 14.000 денари.

-Предвидуваме зголемување на минималната плата која со закон беше донесена пред неколку години од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, таа денес изнесува 10.500, но предвидуваме во следните четири години да дојде до 14.000 денари односно секоја година сукцесивно да се зголемува. Во кожарската индустрија и во текстилната да дојде до 13.500 денари. Тоа е она што можеме да го ветиме доколку се создадат и подобри услови, секако би биле подготвени и за повеќе, рече Димовски.

Според него, ова покачување е балансирано и нема да создаде отпуштање од работа.

Поврзани новости