Димовски: ВМРО предлага измена на Законот за извршители и зголемување на платата на администрацијата за 5 отсто

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ поднесе три закони по скратена постапка и очекува поддршка од СДСМ и парламентарното мнозинство, истакна пратеникот Илија Димовски.

Од оваа пратеничка група предлагаат измена на Законот за извршителите, донесување закон за зголемување на платата на администрацијата 5 отсто и доделување ваучери за студенти во висина од 18.000 денари.

„Доколку СДСМ биде конструктивен и ги прифати овие закони кои се во интерес на граѓаните, тогаш и ние ќе дадеме поддршка на законите што ги предложија. Ова е фер понуда и тест за конструктивност за СДСМ. Законите веќе се доставени кај Талат Џафери и очекуваме што побргу да бидат ставени на дневен ред – тврди Димовски.

Поврзани новости