Димовски тврди дека Џафери има избувлив дух, тој му враќа да си ја смири нервозата

by Fokus

Вие имате избувлив дух, но имате поголемо искуство од мене, му се обрати пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На ова Џафери му одговори дека граѓаните цело време следат што се случува и можат да донесат заклучок кој колку е нервозен.

Целиот проблем настана откако Антонијо Милошоски излезе на собраниската говорница без да добие одобрение за тоа. Собранискиот спикер не му дозволи да зборува и побара од него да се врати на своето место, што предизвика револт кај пратениците од опозицијата кои ја окупираа говорницата.

 

 

 

 

Поврзани новости