Димовски: Се зборува дека СДСМ е ВМРО уклучено на најјако, дури кога режимот бил пуштен на најјако вака не било

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната комисиска седница во Собранието му порача на претседавачот Артан Груби да ја прекине седницата, зашто власта дека ќе влезе во голем ризик доколку донесе изборен законик без опозицијата.

-Груби, мислам дека треба да ја прекинете седницата поради тоа што ги немате амандманите пред вас и вториот аспект е политичкиот. Сакам да ви доволам дека веќе разлетавте, а целта ми е да ви ја разбудам совеста. Знаете што се зборува надвор? Дека СДСМ е ВМРО уклучено на најјако. Во Собраниево двајца се најважни. Тоа се Груби кој ми е пријател и Џафери кој е исто мој пријател. Ние другите џабе облекуваме костими, џабе земаме плата. Ветувавте покана за ЕУ добивте пејпер во фаца, ви кажаа дека сте покорумпирани од било кога. Тоа се сигнали до вас, тоа е штета за вас. Мојот апел до вас е, да прекинете без утврдување на дневен ред. Да престанете со насилие. Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако вака не било, рече Димовски.

Поврзани новости