Димовски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остануваат „независни пратеници“

by fokus

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, шест месеци од конституирањето на Собранието, се единствените кои се уште не формирале пратеничка група. Тие и денеска му укажаа на Џафери дека е должен на секој од нив, како индивидуален пратеник кој не припаѓа на пратеничка група, да му даде збор за процедурална забелешка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не го прекршува Деловникот на Собранието и да им даде збор на пратениците од неговата партија, бидејќи тие биле „независни пратеници“.

По тропањето на масите во пленарната сала од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат збор тие кои се пријавија индивидуално кај собранискиот спикер Талат Џафери, денеска тој им го најави следново:

„Уште еднаш апелирам, дајте формирајте пратеничка група. Ако не, ќе мора, според Деловникот, поединечно да се изјасните дали останувате во коалицијата во која сте биле избрани и која освоила 51 пратеник, или ќе делувате според персоналните изјаснувања“.

Поврзани новости