Димовски побара итна седница за еколошката катастрофа во Струга, депонијата сè уште гори

by fokus 13:56
13:56

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски, побара од спикерот Талат Џафери да свика итна седница на која ќе се расправа за состојбата со депонијата во Струга.

„Барам да свикате итна седница за решавање на овој акутен проблем. Надлежните институции пред сè Владата да изготви информација и да ја достави до парламентот. Парламентот не може да остане нем на протестите кои траат цела недела“ рече Димовски.

- Advertisements -

Димовски ги повика надлежните институции да изготват извештај за еколошката катастрофа која повеќе од 10 дена ги засега граѓаните на Струга.

По ова спикерот Џафери рече пратениците да изготват материјали и да ги достават до службите. Додаде дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ да не го поставуваат ова барање како ултиматум.

Поврзани новости