Димовски: Ние си ја плативме политичката цена за нашето владеење и сега имаме право да ја критикуваме Владата

by fokus 20:58
20:58

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на Топ тема на Телма рече дека тие имаат кредибилитет да ја критикуваат новата Влада, бидејќи со губењето на власта тие си ја платиле политичката цена за нивните одлуки.

Водителката Оливера Трајковска го праша Димовски како оние чии лидер го постави својот кум за министер за финансии, а својот братучед за директор на УБК, сега зборуваат за непотизам. На ова Димовски одговори дека и да ги прифати сите овие критики како точни, сепак тоа не им го одзема правото да ја критикуваат новата власт.

- Advertising -

Поврзани новости