Димовски: Нема да нѐ изненади ако СДСМ побараат помош од Бајруш и од Мадам Пепи

by Фокус 13:19
13:19

Како привршува кампањата, така СДСМ е се понервозна и се служи со се пониски и подрски монтажи, фалсификати и манипулации. Знаат дека ќе ги загубат изборите. Во минатите денови со документи и докази го потврдивме фалсификатот кој Заев го презентираше на јавноста од извесен Загорец Тумбовски. Но СДСМ не застана таму и не се извини, туку продолжи. Вака денеска на прес конференција директорот на Центарот за комуникации, Илија Димовски се трудеше да докаже  дека осудените не ја кажуваат вистината.

– Замислете, аболицираниот за криминал од на 8 милиони евра Зоран Заев на помош во кампања го повикал осудениот за криминал од Врховен суд, Загорец Тумбовски. Тој е осуден за фалсификување документи, за перење пари и за даночно затајување од страна на Врховниот суд во време на ВМРО-ДПМНЕ. Нормално е дека ниту тој ја сака ВМРО-ДПМНЕ, ниту Зоран Заев. Овие двајца би биле најсреќни да не се спроведува законот, да не се бркаат криминалци, за да може и тие двајца да работат како што работеле претходно, а да не одговараат за тоа. Овие луѓе би биле најсреќни ВМРО-ДПМНЕ да не е на власт за тие да си ги продолжат криминогените шеми од минатото – истакна Димовски.

- Advertising -

Тој тврди дека СДСМ го достигнала дното ,бидејќи користи изјави на лица во бегство, осудени за криминал.

–  Нема воопшто да се изненадиме ако побараат помош со изјави и од Бајруш, Мадам Пепи, газдарицата на Фиком и слични осудени. Сите тие имаат причина да бидат против ВМРО-ДПМНЕ. Сите тие заедно со Заев би биле среќни да не се спроведуваат законите во Македонија.Се здружиле една дузина осудени, гонети и аболицирани за тешки криминали од повеќе милиони евра и монтираат, фалсификуваат, лажат и бегаат. Тоа нема да помине кај граѓаните. Граѓаните на Македонија знаат кој е чесен, кој работи макотрпно, а кој со лаги и фалсификати се обидува да се приграби до власта – тврди Димовски.

Според него, Заев избегал да даде одговор на многу значајни прашања, па тие повторно го прашуваат:

–  Кој го фалсификувал докуметот, тој лично или заедно со осудениот Загорец Тумбовски? Каква соработка имале во минатото Заев и осудениот Тумбовски? Дали СДСМ му ветила помилување на Тумбовски кој е осуден од страна на Врховниот суд на казна затвор од 6 години за фалсификување документи, перење пари и даночно затајување за да ја лаже македонската јавност? Како е возможно човек што претендира да биде премиер да се здружува и да одработува заедно со лица осудени од највиоската судска инстанца, од Врховниот суд? – праша Димовски. 

Поврзани новости