Димовски: Не прифаќаме никакви барања на СЈО

by fokus

-ВМРО-ДПМНЕ нема да разгледува ниту да прифати никакви барања од Специјалното јавно обвинителство, порача партијата, откако СДСМ побара итна седница во Собранието за разгледување на барањата за измени во законот за заштита на сведоци и продолжување на мандатот на СЈО.

– Никакво ново договарање или проширување на веќе постигнатата согласност не може да биде прифатено за разгледување од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. СДСМ е портпарол на СЈО, а СЈО е портпарол на СДСМ. Помеѓу тие два субјекта нема никаква разлика. СЈО е дел од СДСМ – изјави Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски уште еднаш ги повтори барањата, Катица Јанева јавно да се извини и да го прифати актуелното Собрание за легитимно.

Поврзани новости