Димовски: Не може да се прескокне собранието при избор на наследник на Јанева

by Фокус

Не може се прекокне собранието ниту при разрешување ниту при именување на специјален јавен обвинител, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој е претседател на парламентарната комисија за избори и именувања.

„И изборот (член 3) и разрешувањето (член 18) на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон. Постапката е строга, зошто и институцијата е значајна. Во двете постапки (и избор и назначување) Собрание на Република Македонија и Комисија за прашања на изборите и именувањата не може, ниту смее да се прескокнат, односно ниту да се разреши СЈО, ниту да се назначи вршител на функцијата СЈО без овие две инстанци во постапката. Советот на Јавни обвинители во постапката за избор и назначување на СЈО може да постапува само по предлог на Собранието, претходно утврден од Комисијата за избори и именувања, а изгласан со двотретинско и бадинтерово мнозинство. Советот и на Јавни обвинители во постапката за разрешување може да постапува само како предлагач, односно да достави Извештај до Собранието за утврдено незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата СЈО. Конечната одлука во оваа постапка ја носи Собранието на Република Македонија. Се друго е надвор од законите“, вели Димовски.

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера рече дека има законска можност Советот за јавни обвинители да определи вршител на должност во СЈО.

Поврзани новости