Димовски: На 16 години ме следеле поради мојот македонски екстремизам

by fokus

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовки денеска изјави дека во државниот архив пронашол документ дека бил следен кога имал 16 години, поради, како што рече, неговиот македонскиот екстремизам.

-На мои 16 години сум бил следен и сум бил детектиран по линија на македонски екстремизам. Апсурдот е голем што во самостојна, независна држава Македонија некои луѓе од нашиот град не само јас, десетици други биле следени и внимателно обработувани од страна на службите заради својот македонски екстремизам. Се надевам дека службите од Државниот архив во иднина ќе најде за сходно да ги локализира остатокот од досиејата односно посебно оние неколку градови каде што одсекогаш била жива идејата за самостојна и демократска Македонија како Велес, Битола, Штип, Охрид, Прилеп – изјави Димовски на промоцијата на едицијата „Црните страници на УДБА“ издадена од страна на Државниот архив на Македонија.

Поврзани новости