Димовски: Мора да научиме дека може да има различни мислења во партијата

by fokus

Илија Димовски вечерва пред почетокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тој останува во партијата и покрај тоа што беше одбиено неговото барање за одложување на Конгресот.

-Секогаш може да има различни мислења во партијата. Тоа мора да го научиме. Јас останувам во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што Мицковски е единствен кандидат на Конгресот, не е позитивно за партијата, рече Димовски.

Поврзани новости