Димовски: Многу е слатко кога човек од СДСМ ќе рече дека разговорите се сечени, лепени и монтирани

by fokus

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма, коментирајќи ја снимката која ја објави Антонио Милошоски за Зоран Заев, рече дека било многу слатко кога некој од СДСМ ќе рече дека разговорите се сечени, лепении монтирани.

-Многу е слатко кога човек од СДСМ ќе рече дека разговорите се сечени, лепени, монтирани. Тоа е со свој камен по глава. Сечени, лепени беа снимките за Мартин Нешковски, за Младенов, за Монструм. И тоа насочени да предизивикаат револт, а потоа за сите се покажа дека биле насочувани со една зла намера, рече Димовски.

Поврзани новости