Димовски: Kои се министрите против кои се водат истражни постапки? Заев: Не се министри туку учесници во извршната власт

by fokus

Денешниот предлог за нас е пазарџиска реконструкција која  нема никаква политичка содржина ни порака, освен пазарџиско зголем со неколку пратеници повеќе на парламентарното мнозинство, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната седница за реконструкција на Владата.

-Она што не го правите, а се очекуваше, е реконструкција во ресорите каде што нема резултати, а каде има потфрлувања и афери. Реконструкцијата после една година на Владата треба да опфати реално признавање на слабостите и грешките. Се обидувате да вклопите неколку помали албански опозициски партии со други цели кои доаѓаат во следниот период –рече Димовски.

Тој го праша премеирот што со неговите изјави дека во Владата има министри кои не се снаоѓаат.

-Во овој предлог не ни покажувате кои се тие министри. Кои се министри фунионери за кои сами кажавте дека се отворени предистражни постапки? – праша пратеникот.

Заев на тоа одговори дека му се извртени зборовите.

-Го разбирам тоа што го кажувате, опозиција сте и ваша работа е да критикувате. Извритувате мои реченици, зборував за учесници во извршната власт, не за министри и заменици. Зборував за слабости за да го унапредам работењето на сите одговорни пред Владата и парламентот. Сум зборувал реално и отворено. Резултатите се видливи и ќе ги има во Македонија, веќе ги чувствуваат граѓаните – рече Заев.

 

Поврзани новости