Димовски: Изјавата на Јанева е многу опасна за државноста

by Фокус

Изјавата на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева наиде на остри критики од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Тие најостро ја осудуваат изјавата, со која како што велат, таа го оспорува легитимитетот на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Република Македонија, Владата и Уставниот суд.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјавата на Јанева е политичка и партиска изјава.

“Катица Јанева вчера не беше ниту правник, ниту јавен обвинителИзјавата на госпоѓа Јанева е многу опасна и сериозно штетна за државноста и суверенитетот на Република Македонија. Ако се земе за сериозна, оваа изјава значи дека Република Македонија нема институции, нема Собрание, нема Претседател, нема Влада и нема Уставен суд. Односно оваа изјава значи дека Република Македонија формално не постои и не постои нејзиниот правен поредок”,  истакна Димовски.

Поврзани новости