Димовски и Василевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

by fokus

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Димовски и Сашо Василевски нема да се бранат од слобода, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да ги одбие нивните жалби. Димовски останува во куќен притвор, а Василевски во истражниот затвор во Шутка.

„Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор против за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на РМ, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка“, соопшти попладнево Кривичниот суд.

Поврзани новости