Димовски: Груевски поднесе тужба за клевета и навреда против Заев

by Фокус 16:53
16:53

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски  поднесе тужба за клевета и навреда против првиот човек на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Од партијата тврдат дека Заев на суд ќе бара оправдувања за своите лаги и конструкции со кои го клевети премиерот во изминатите неколку денови, дека земал кеш 1,5 милиони евра.

– СДСМ и нивниот лидер дојдоа до дното. Се служат со фалсификати и лаги за да се спасат од огромниот изборен пораз. Во нивните постапки се гледа само очај, паника, страв, гнев и омраза. Документот кој денес Заев го покажа е класичен, груб, но и смешен фалисфикат. Тоа лесно се докажува бидејќи партискиот печат кој е искористен на документот е прогласен за неважечки уште во 2004 година. Печатот е пријавен и прогласен за неважечки. До Основниот суд во Скопје на 15.10.2004 година од наша страна е доставен Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и опис како ќе изгледа новиот печат. Судското решение е издадено на 02.11.2004 година. Ова е непобитен доказ дека она што Заев го приложува денес не е печатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е стар печат кој го користело поранешното, старо раководство – истакна Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации.

- Advertisements -

Тој додава дека лицето чие име стои на фалсификуваниот документ е лице за кое во 2007 година е покрената кривична пријава од страна на МВР и е правосилно осудено.

– Тој со конечна одлука на Врховен суд во 2013 година е осуден на единствена казна затвор од 6 години, дополнително задолжен е на оштетени лица да им врати 27 милиони денари. Тој бил осуден со правосилна одлука на Врховен суд за, внимавајте, фалсификување на документи, за даночно затајување и перење пари. За да биде иронијата поголема, ова лице веќе неколку години е во бегство и не ја отслужува затворската казна. СДСМ си прават фалсификати и монтажи и мислат дека некој ќе им поверува. Ги потценуваат граѓаните – тврди Димовски на денешниот прес.

 

 

Поврзани новости