Димовски до СДСМ: Не се обидувајте да направите државен удар

by fokus

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се до Заев во собраниската сала денеска рече „да не се обидува да го одземе основното право на пратениците на говор, затоа што тоа значи одземање на говорот на народот кој гласа“.

Димовски им порача на пратениците од СДСМ „да не се обидуваат да направат државен удар и да не мислите дека избор на претседател надвор од процедурите е нешто што ќе напрви добро за државата“.

Претеникот повика на разум, трпение и ширење на погледите:

„Не може во ден кога еден од вашите најавени коалициски партнери вели дека услов е редефенирање на идентитетот, вие да го сторите тоа“, додаде Димовски.

Поврзани новости