Димков: Само субвенциите кои ги воведе ВМРО-ДПМНЕ ги стимулираат тутунарите

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, на денешната расправа за законот за тутун, порача дека субвенциите што ги вовело ВМРО-ДПМНЕ ги стумилирало земјоделците за обработка на тутун.

„Измените не ги решаваат проблемите на тутунарите. Огромната бројка на фамилии кои очекуваат егзистенција, нема да ги добијат. Субвенциите ги стимулираат, а тие ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку не се субвенциите, нема што да бараме во Собранието. И денеска имаме сериозни предизвици, имаме голема суша. Се закасни со сеидбата, целата сеидба е многу лоша и се плашам дали Македонија ќе има можност да добие лебно жито. Тука ќе треба сериозно да поработи во идно време. Овој закон не ги решава проблемите“, истакна Димков.

Поврзани новости