Димитров: За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот

by fokus

За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот,  вели  министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24.

Неодамна имал телефонски разговор со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, тој ги презентирал нашите позиции, а таа нивните.

-За нас прашањето на македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот и многу тешко ќе биде да се гради блискост и пријателство ако на таков тип на прашања имаме предизвик од соседот. Мислам дека тоа оди во друга различна насока. Во самиот Договор за  пријателство, соработка и добрососедство во преамбулата зборува за меѓусебна почит. Македонскиот јазик во тој билатерален договор има апсолутна иста позиција и статус со бугарскиот јазик. И клаузулата за јазиците вели- овој договор е напишан на  македонски јазик согласно Уставот на тогаш Република Македонија  и на бугарски јазик согласно Уставот  на Република Бугарија. Таа формулација важи само за билатералните односи, наведе Димитров.

Тој порача и дека ниту една држава нема правен основ нам да ни кажува сега нешто во однос на нашето име и македонскиот јазик.

За потребата од одржување на парламентарни избори, шефот на дипломатијата повтори дека ни треба Влада со полн политички мандат, како и Собрание.

Поврзани новости