Димитров: За менталното здравје на нацијата потребно е да расчистиме со антиквизацијата

by fokus

И да го немаше спорот со Грција, за менталното здравје на нацијата треба да расчистиме со антиквизацијата, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Bulgaria on Air“ коментирајќи го проектот „Скопје 2014“.

-Ова за нас е зрел момент за да се соочиме. Тоа имплицираше комплекс, кога не сте сигурни во себе, кога не стоите цврсто на земја, ви требаат корења. Многу нации знаат да користат етно митологија, митски приказни за митологијата за важноста на нацијата, дека сме центар во светот. Ова е процес на зреење на нашиот народ – рече тој.

Димитров додаде дека Владата едно по едно ќе се справува со овие прашања од антиквизацијата бидејќи мал број од граѓаните, или околу 5 отсто, веруваат дека античкото митологизирање е важно за нациналниот идентитет.

Димитров го коментираше и гестот на претседателот, Ѓорге Иванов, кога по две минути ја напушти средбата со Димитров и Заев на која му беше предаден договорот со Грција.

-Ние седевме тој стана и напушти. Вакви моменти барат од чинителите историска одговорност. Нема полесна работа да станеме да си одиме и да го оставиме проблемот, но тој ќе остане и ќе пушта корења. Мора да се соочиме со проблемот. Наша обврска е да дадеме шанса на граѓаните да се изјаснат. Има одговорности и за непостапувањето. Што ќе се случи со Македонија ако не направи се за да ја искористи оваа шанса? – изјави шефот на македонската дипломатија.

 

Димитров рече дека речиси 15 години се занимава со спорот за името, но дека последните месеци биле најтешки од процесот.

Поврзани новости