Димитров: Во преговорите со Грција ќе се влезе со добра верба и без страв

by fokus 10:22
10:22

Македонија не смее да се плаши да влезе во преговори со Грција. Во преговори ќе се влезе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Ние кога размислуваме за ова прашање, прво треба да размислуваме за нашето достоинство и за тоа каде сакаме да ја видиме Македонија, пет или 10-15 години од денес. Ако има целосно победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитникот, бидејќи тоа ќе развие ужасен национализам. Значи, мора да најдеме начин двете страни да излезат со чувство дека најважното го заштитиле, вели Димитров.

- Advertisements -

 

Поврзани новости