Димитров: Во минатото можеби сме имале шанси за подобар договор, но огромна е одговорноста зошто не сме загризале

by fokus

Не исклучувам дека во минатото сме можеле да добиеме и подобри решенија, но огромна е одговорноста зошто не сме загризале, рече попладнево министерот за надворешни работи, Никола Димитров на Комисијата за европски прашања на која се дебатираше за Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција.

-Резултатот е изгубена генерација. Одговорноста за пропуштените шанси е огромна. Европското знаменце е затоа што со оваа Спогодба се обидуваме да ја отвориме вратата која со години беше заклучена, рече Димитров.

Поврзани новости