Димитров во Брисел ќе бара почеток на преговори со ЕУ без одлагање

by Фокус

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе учествува на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

Од МНР соопштија дека работниот појадок непосредно пред одржување на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе претставува можност министерот Димитров да ги запознае министрите со последните политички случувања во земјата, со фокус на клучните приоритети поврзани со владеењето на правото, како и имплементацијата на договорите со Грција и Бугарија.

Воедно, истакнуваат од Министерството, тој ќе го повтори барањето Советот што е можно поскоро да постигне согласност за новата преговарачка методологија и без понатамошно одлагање да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.

Поврзани новости