Димитров: Веруваме дека новата методлогија ќе резултира со двојна победа – отворање на преговорите и усовршен процес

by Fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров го поздрави објавувањето на новата методологија за пристапни преговори за членство во ЕУ и очекува да резултира со, како што наведува, двојна победа – старт на преговарите со Северна Македонија и усовршен процес.

– Ги поздравуваме напорите на Европската комисија за подобрување на пристапниот процес. Новата методологија придонесува за зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот. Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите заедно во усовршен процес, вели Димитров во пишаната изјава.

Земјите во регионот, посочува шефот на дипломатијата, нема од што да се плашат од воведувањето на реверзибилноста.

– Најпосле, пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион, истакнува министерот Никола Димитров.

Поврзани новости