Димитров: Важно ни е датумот за преговори да се даде неделава

by fokus 20:55
20:55

Се надевам дека ќе се најде компромис меѓу членките на ЕУ којшто за нас ќе значи јасна политичка одлука за почеток на преговори за членство, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во гостувањето на телевизија „Сител“.

– Нас ни треба лидерите да не се навратат повторно, значи да седнат сега во четврток и петок и да ја прифатат препораката на Европската комисија и да одлучат Македонија да започне преговори за членство. Како тоа ќе се случи, кога ќе се случи тоа, може да биде предмет на компромис. Нас ни е многу важно, таа политичка одлука да се донесе неделава и да нема потреба на некој друг Европски совет пак да бидеме во ваква ситуација да се одлучува, истакна Димитров.

- Advertisements -

Запрашан дали тоа би се рефлектирало врз договорот доколку Македонија не добие позитивно светло од Европската унија, Димитров со став дека „наше е да направиме и да мислиме дека ова ќе успее“.

Поврзани новости