Димитров: Ставот на Макрон е добар сигнал

by fokus

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека ако резултатите од Извештајот на Европската комисија во март за Северна Македонија и Албанија се позитивни тој би поддржал отворање на преговори со нив за да станат членки на Унијата, е многу позитивен сигнал и оти затоа земјава треба да направи се Извештајот на ЕК да биде што е можно попозитивен. Тоа, потенцира Димитров, пред се значи дека треба да биде донесен законот за јавно обвинителство.

-Од особена важност е што Северна Македонија беше во фокусот и во излагањето на францускиот претседател Макрон, кој одговарајќи на прашање на новинарот на Економист укажа дека дека до колку земјите членки ја усвојат новата методологија за пристапниот процес до колку извештаите за двете земји Северна Македонија и Албанија бидат позитивни, Франција позитивно ќе го разгледа прашањето и одлуката за почеток на пристапни преговори во март, вели министерот Димитров кој присуствува на Минхенската безбедносна конференција.

Тој додава дека имало дебата меѓу новинарите што го следат ова прашање, како новинари  од Политико, од Економист и, како што вели, општ впечаток е оти францускиот претседател бил за нијанса попозитивен од вообичаено, што е еден позитивен сигнал.

– Што значи тоа. Тоа значи дека ние треба да се погрижиме извештајот на ЕК да биде што е можно попозитивен и тоа пред се значи дека Собранието треба да го усвои Законот за јавно обвинителство.

Поврзани новости