Димитров се сретна со Рот: Потврдена германската поддршка за Македонија

by fokus

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска остварил работна посета во Германија каде што се сретнал со Михаел Рот, германскиот државен министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни работи, соопшти информативната служба во МНР.

На средбата се разговарало за добрите билатерални односи и новата динамика во политичкиот дијалог меѓу двете земји.

„Министерот Димитров информираше за тековните активности и предвидената динамика за имплементација на реформите во насока на исполнување на неопходните критериуми за почеток на преговорите за членство на земјата во Европската Унија и влез во НАТО. Министерот Рот изрази задоволство од досегашниот напредок на реформскиот процес и политиките на Владата во функција на заживувањето на македонските евроинтеграции“, се вели во соопштението од МНР.

Двајцата ја поздравиле досегашната соработка со институциите на ЕУ во рамки на евроинтегративниот процес, потврдувајќи ја германската поддршка во исполнувањето на европските приоритети.

Поврзани новости