Димитров се сретна со генералниот секретар на ОНН: Со лидерство до надминување на разликите околу името

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

На средбата се разговараше за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

-Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор, порачал Димитров.

Министерот Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.

 

Поврзани новости