Димитров: Португалскиот предлог е добра основа

by fokus

Предлогот на португалското претседателство е добра основа, но потребна е силна политичка волја и лидерство, а за идентитетот и јазикот не се преговара, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за European Western Balkans.

-Процесот на пристапување, доколку се искористи правилно, поддржан со политичка волја за промена и трансформација, е најдобрата алатка за реформи и ниту една земја-членка не може да стави вето на тој процес – вели Димитров.

Европскиот начин на живот за граѓаните, додава тој, може да се овозможи само преку реформи, кои, според него, се единствената одржлива алтернатива за спречување на одливот на мозоци и задржување на младите луѓе.

-Или ќе го направиме овој регион европски – во однос на образованието, здравството, еднаквите можности, мерит-систем за вработување и унапредување, поголема правда, отчетност, слобода – или нашите граѓани ќе ја напуштат земјата во потрага по европски начин на живот – порача Димитров.

Поврзани новости