Димитров: Подобро по 2.000 денари на сиромашните, отколку да се замрзнува цената на лебот

by Fokus

Не може Владата да ги замрзне сите цени и да ги држи неограничено долго, ние сепак сме општество во кое владее пазарот, за одреден краток период за да се надминат некои проблеми е ок, но не може тоа вечно да трае, изјави претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, во вечерашната дебата на 24 Анализа.

-Некој ќе праша: ја намаливте цената на лебот, но не лековите, а што со струјата.. Ако така тргнеме ќе се вратиме во социјализам. Државата не може се да контролира. На краток рок ова е добро решение, но на долг рок за Владата е побезбелно решение да им исплати по 2.000 денари на загрозените категории на граѓани, оние со најниски примања и социјалните случаи, тоа помалку ќе ја кошта отколку вака да се расправа со цело стопанство – рече Димитров.

Според него субвенциите за струја ја чинеа Владата повеќе отколку што би ја чинело доколку парите ги дадеше на сиромашните.

Поврзани новости