Димитров: Одлуката на косовската влада да им даде по 10.000 евра на семејствата на осудените во „Диво Насеље“ не е во духот на градење европска иднина

by Fokus

Одлуката на косовската влада да им даде по 10.000 евра на семејствата на осудените во „Диво Насеље“ не е во духот на градење европска иднина за Регионот засновано на владеење на правото, што е заеднички интерес на двете земји, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба со министерката за европски прашања на Косово, Дурата Хоџа.

На средбата фокусот беше ставен врз европската перспектива на двете држави и потребата од заеднички ангажман на патот кон ЕУ.

Соговорниците беа согласни дека регионот заслужува јасна и дофатлива европска перспектива и притоа изразија подготвеност за забрзување на реформските процеси и заемна поддршка во таа насока.

Поврзани новости