Димитров: Од Грција очекуваме поддршка и помош на европскиот пат

by fokus

Одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ е клучна пресвртница и за Северна Македонија и за регионот во 2020 година, а воедно и потврда за посветеноста на Европската Унија кон нејзините геостратешки приоритети.

Ова е главната порака што вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ја испрати на средбите со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас и со алтернативниот министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, на кои Димитров им пренесе дека Северна Македонија од Грција очекува силна поддршка во интегративниот процес.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), на средбата со Дендиас во фокусот на разговорот беше ваквата поддршка и помош од соседна Грција како суштински дел во новото поглавје на односите меѓу двете соседни земји, но и голем чекор кон заедничката визија за иднината.

Димитров, како што се наведува, информираше за очекувањата во однос на преговарачката рамка да биде усвоена до крајот на оваа година, за време на германското претседавање со Советот на ЕУ.

Поврзани новости