Димитров: Ние застануваме зад ова решение, спремни сме да го браниме и да го убедиме нашиот народ

by fokus

Грција се согласи за народ и за јазик, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во вечерашното гостување во 1тв.

Според Димитров предлогот „Република Илинденска Македонија“ сам се наметнал, а одредницата прави јасна дистинкција од името Македонија во Грција.

-За да стигнеме до едно име тоа мора да биде наше. Ние застанавме зад ова решение, спремни сме да го браниме и да го убедиме нашиот народ да застане зад него – вели Димитров.

По средбата на премиерите во Софија, вели Димитров, било договорено Ципрас и Заев да се вратат дома и да го почнат политичкиот процес. Како што вели имало назнака дека предлогот е опција што може да го затвори проблемот.

-Има поголеми геополитички импликации исходот од ова решение. Светот е несигурен, Европа е зафатена, а Балканот навидум со алтеративи. Се наметнуваат сили што можеби не сакаат нешто да успее. Мислам дека преблиску сме до успех и многу отворено, искрено и чесно влеговме во решавање проблеми – рече тој.

На прашањето што очекува откако официјална Атина го одби предлогот, Димитров рече дека на средбата со Коѕијас во Њујорк ќе разговара за предлогот бидејќи има многу аргументи дека со него може да се затвори дводеценискиот спор.

Поврзани новости