Димитров: Не може од нас да се бара да отвориме мигрантски кампови кога не сме членка на ЕУ

by fokus

Балканот не може да биде користен за одбрана од бегалците. Ние сме остров, транзитна земја. Секој кој доаѓа кај нас, доаѓа од земја на ЕУ, вели во интервјуто за WELT министерот за надворешни работи Никола Димитров направено во средата пред објавувањето на одлуката на НАТО за покана на Република Македонија на разговори за прием.

На прашањето каков е ставот на македонската Влада за воспоставување на трајни центри за азил во Македонија, Димитров одговара дека веќе имаме два транзитни центра.

– Засега, идејата, да се воспостават такви центри во нашиот регион, е бездруго шпекулација. Никогаш не сме добие официјално барање. Балканот е остров среде ЕУ. Не може да се бара од земјите на овој остров да преземат таков товар, ако не се дел од ЕУ. Мислам дека во однос на ова ќе останеме многу непоколебливи. Нашиот дел ќе го направиме. Кога ќе станеме членка на ЕУ ќе ја покажеме нашата целосна солидарност, вели Димитров.

Во врска со затворањето на Балканската рута, тој посочува дека покрај Договорот со Турција, тоа беше одлучувачко за миграцискиот бран да се стави под контрола.

– Македонија, поради нејзината географска положба, доби истакната улога, помалку иронично за земја надвор од ЕУ, додава Димитров.

На прашањето дали може да потврди дека Балканската рута сега има поинаков тек, шефот на македонската дипломатија потврдно одговара, посочувајќи дека бројките се движат во надолна линија.

– Имаме два транзитни центра, еден на север и еден на југ. Јас секојдневно добивам извештаи. Бројките се двоцифрени, моментално од 30 до 50 лица, истакнува Димитров.

Тој посочува дека Македонија е транзитна земја и дека малку луѓе сакаат да останат и бараат азил.

Поврзани новости