Димитров најавува почитувана Македонија со пријатели во светот

by Фокус

Ви благодарам на честитките и поддршката за номинацијата да бидам министер за надворешни работи на нашата Македонија, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Димитров, кого мандатарот Зоран Заев го предложи за нов шеф на дипоматијата.

„Ако предлогот добие доверба во Собранието, ќе вложам се што имам – умот, совеста, душата и сета енергија и искуство – да бидам достоен на оваа голема одговорност. Да претставувам едно ново лице на Македонија што ќе оди напред, ќе биде почитувана и што ќе има пријатели во светот. Патот не ни е лесен, ама сите заедно ќе ја освоиме планината и ќе си го обелиме образот“, напиша Димитров.

Досега, тој бил заменик-министер за надворешни работи, македонски амбасадор во Холандија и САД, советник на починатиот претседател Борис Трајковски, како и преговарач во македонско-грчкиот спор за името.

Поврзани новости