Димитров на средба со словачкиот колега: Македонија и Словачка имаат заедничка европска иднина

by fokus

Во посета на Република Македонија престојуваше вршителот на должност министер за надворешни и европски работи на Република Словачка, Иван Корчок.

На средбата со гостинот од Словачка министерот Димитров информираше за конкретните мерки што ги презема Владата на Република Македонија на внатрешен и на надворешен план, со цел исполнување на неопходните критериуми за почеток на преговорите за членство на земјата во Европската Унија и влез во НАТО.

Во таа насока Димитров ја потенцираше важноста на поддршката од европски пријатели заблагодарувајќи се за исклучително активниот ангажман на Словачка на овој пат.

„Македонија и Словачка имаат многу заеднички нешта. Од една страна заедничката европска иднина, а од друга е заедничкиот интерес да успееме“, рече Димитров.

Од своја страна, Корчок истакна дека реформите што ги спроведува Владата се во вистинска насока и упати пораки на охрабрување кон Владата да продолжи со нивната имплементација. Воедно, реафирмира дека Словачка останува силен поддржувач на Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

„Словачка ќе го дели искуството со Македонија во процесот на пристапување во ЕУ. Од витален интерес е Македонија и регионот да се доближат поблиску до нас, односно до НАТО и ЕУ“, рече Корчок.

Поврзани новости