Димитров на одвоени средби ќе ги информира партиите и државниот врв за преговорите за името

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе го информира државниот врв и политичките партии за преговорите за името на поединечни средби, информираат од МНР.

Димитров претходно најави дека ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите политички партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ по средбата во Виена на која се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас и медијаторот Метју Нимиц.

Досега за преговорите за името се има одржано само една средба, на која присуствуваа премиерот Зоран Заев, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски, како и претседателот Ѓорге Иванов.

Поврзани новости