Димитров: Ќе покажеме дека Балканот прави чуда

by fokus

Министерот за надворешни, работи Никола Димитров, во интервју за париски „Ле Монд“ го брани договорот потпишан со Грција за името на земјата, чија ратификација се покажува деликатна во Скопје, пренесува дописникот на МИА.

Никола Димитров, македонскиот министер за надворешни работи кој беше во работна посета на Париз, за „Ле Монд“ ги објаснува клучните влогови за стабилноста на Балканот, и се осврнува на ратификацијата на договорот од Преспа.

-Добивањето на двотретинско мнозинство е секогаш тешко во политиката, но предизвикот овој пат е од толку голема важност што ќе покажеме дека на Балканот се можни чуда. Ни недостигаат само 10 гласови. Ние сакаме да го финализираме гласањето во јануари, за да потоа договорот го одобри грчкиот парламент пред да започне кампањата за европските избори. Противењето на грчката националистичка десница на овој компромис е исто така силно како и она на македонската националистичка десница, вели Димитров.

Поврзани новости