Димитров ќе биде дел од тимот за преговори со Бугарија

by Фокус

Голем број земји-членки на ЕУ сметаат дека потребна е меѓувладина конференција и со Македонија и со Албанија, тоа е јасен знак дека треба Македонија да остане во пакет со Албанија, а да не заостанува, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

-Дефинитивно ќе има обид за две меѓувладини конференции. Треба да видиме што ќе се случи со владата во Бугарија и преговорите. Но сепак не можеме се да оставиме на чекање. Мора да се обидуваме, мора и на соседна Бугарија да и објасниме каков е влогот. Имаме шанса за блиско пријателство и соработка и дали е историски мудро Бугарија да биде пречка за ЕУ интеграција на нашата земја – рече Димитров на Телма.

Тој потврди дека ќе биде дел од преговарачкиот тим во надминување на спорот со Софија.

-Мојата грижа за македонскиот идентитет е прашање што е многу поважно од мојата политичка кариера. Апсолутно ќе бидам дел од какви било претстојни разговори. Бев предводник на изборна листа во Скопје и бев избран. Тоа им го должам на граѓаните – изјави Димитров.

Поврзани новости