Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на вчерашното обраќање пред кумановци, ги презентираше придобивките што Македонија ќе ги добие со влез во НАТО. Тој повторно посочи дека јазикот и идентитетот нема да бидат доведени под знак прашање.
„За нешто повеќе од година ќе влеземе во НАТО алијансата. Треба да се среди државата, за да тргнеме напред“, посочи Димитров синоќа.
- Advertisements -
Понесен од атмосферата, Димитров на својот Твитер налог испрати пофални зборови до кумановци.
„Европско Куманово, симнувам капа“, напиша Димитров на својот Твитер налог.