Димитров: Додека бев во Влада, битката ја водев внатре

by Фокус 20:34
20:34

Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров изјави дека воопшто не се кае за искажаните ставови пред два дена, кога истакна дека не се согласува со многу владини политики.

-Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре – вели Димитров во интервју за 360 степени.

Во однос на изјавата дека нема доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи околу решавањето на спорот со Бугарија, Димитров информира дека неговата проценка се темели на лично сведоштво на искажани ставови во рамките на внатрешната координација.

-Но и преку информации што ги добивам од министри и амбасадори на земјите-членки на ЕУ. Од таму ми се елементите и оценката за Османи. Настапите во јавноста се една работа, тоа што се случува зад сцената е друга работа – додаде Димитров.

Поврзани новости