Димитров до Николовски: Обидот со лаги да ме извалкате или да ме „пикате“ во „Рекет“ е безобразен

by fokus

Да не влегуваме во спротивставувања и надмудрувања зашто нема да направиме добро. Добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ е преважно прашање. Го чекавме многу и ќе има големи реперскуии врз државата и граѓаните, му порача министерот Никола Димитров на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во вечерашната дебата на „24 Анализа“.

– Да не ја водиме политичката битка на прашање кое има речиси 90 отсто поддршка од граѓанството. Мислам  дека е преважно, толку го чекавме, а и гредата е малку подигната за да поминеме. Сите сме се обидувале и како позиција и како опозиција да го направиме тој исчекор, истакна Димитров.

Ако гледаме на ова вака, додаде, можеби ќе биде малку полесно да се најде заеднички јазик и за законот за јавното обвнителство. – Залагањето на опозицијата ќе биде суштински најкорисно ако успееме тој закон да го донесеме, подвлече Димитров.

Апелира и во политичката битка ВМРО-ДПМНЕ да има доза на пристојност и внимателност.

-Не можеме да ги обременуваме странците да демантираат тврдења што ние тука ги употребуваме во политичка битка, укажа шефот на дипломатијата.

Во врска со случајот „Рекет“, беше дециден дека воопшто не е инволвиран.

-Обидот со лаги да ме извалкате или да ме „пикате“ во „Рекет“ е безобразен. Милиметар немам со таа приказна. Планината што доаѓа по датумот за преговори е токму да се справиме со оваа грозна спрега на подземјето. Тоа што излезе од бомбите го немаме сериозно чепнато, а треба и ќе има одговорност, му рече министерот на Николовски.

Поврзани новости