Димитров до ДПМНЕ: Сакам и вие да сте задоволни, но ако цената за тоа е неуспешна Македонија, тогаш подобро да не сте

by fokus

Ме доведувате во ситуација да се бранам поради успесите на Македонија во надворешната политика, поради тоа што ги поправам односите кои вие ги расипавте, јас сакам вие да сте задоволни, но доколку цената за тоа е неуспешна Македонија која нема пријатели и перспектива тогаш е подобро да не сте задоволни, им порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во своето излагање по повод неговата интерпелација.

Додека сум ја министер за надворешни работи Република Македонија ќе води зрела надворешна политика, нема да бега од проблеми туку ќе ги решава. Мојата задача е да извлечам максимум во рамките на дадените околности. За 100 дена меѓународниот рејтинг на земјата е драстично подобрен. За 100 дена во период на летни одмори остварив 27 посети во странство, бев во соседството, Германија, Австрија, Холандија Белгија, Шведска, Финска и Данска, се сретнав со колегите од Франција и Италија. За 100 дена имав средби со 37 министри за надворешни работи и над стотина други странски претставници, рече Димитров.

Тој додаде дека неговата лична идеологија е државниот интерес на Република Македонија и дека е овде само затоа што почувствувал дека Македонија оди во бездна.

Поврзани новости