371
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска за изјавата на Ивица Дачиќ дадена во Атина дека Србија погрешила што ја признала Македонија под уставното име, напиша дека му е жал, но и порача да не заборавиме дека растеме и паѓаме заедно.
-Жалам за денешната изјава на министерот Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух. Да не заборавиме, во регионот растеме и паѓаме заедно, напиша министерот Димитров не неговиот фејсбук профил.